На македонската музичка сцена се враќа Аднан Куртов (Антоан Курт) со хитот I follow you, со празнично изненадување. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници на своите фанови, а воедно и на сите “скршени срца”, им подарува нова песна “Ликови зимски трикови” .
За оваа песна сосема беше снимен и краток видео запис од страна на Панчe Пренџов, каде Аднан во живо ја изведува оваа нумера која сепак звучи совршено.
“Оваа песна е создадена за сите они слушатели кои сакаат да уживаат во зимските празнични денови, а пред се да ги стопли скршените срце, и ја омекне згаснатата љубов, бидејќи верувам дека многумина ќе се пронајдат токму во оваа песна.” – ни изјави Аднан.
Во моментов Аднан работи на нов музички проект меѓу кој е и најновата песна со раперот Snow Black “InsideOut”, која заедно со видео запис ќе излезе кон крајот на јануари. Песната е комплетно дело на Snow Black и Аднан, а видеото е во продукција на Панче Пренџов.