Вечерва (петок, 30 ноември) со почеток на 19:30 часот на сцената на велешкиот театар, публиката ќе може да ја проследи монодрамата „Јустинијан Први“.
Автор на текстот е Јордан Плевнеш, а е во режија и изведба на Петар Темелковски, кој со „Јустинијан Први“ во изминатиов период гостува низ градовите во Македонија.
Влезот за претставата е слободен.