Со свечено отварање на 5-ти ноември (понеделник) во 11:00 часот во Центарот за култура на општина Ѓорче Петров, ќе се отвори изложба на група млади уметници. Истата ќе можете да ја проследите до (петок) 9 -ти ноември 2012 година.
На изложбата ќе учествуваат дипломирани студенти од Факултет за ликовни уметности од Скопје. Милан Костадиновски, Димитар Мајнов, Тодор Попов, Ален Спасевски ( проф. Славица Јанешлиева), Дарко Митревски (проф. Мирко Вујисиќ), Бојана Грујовска, Симона Ѓоргиева, Мартина Хаџи Тоневска (проф. Благоја Маневски) и Ѓорѓи Алтанџиев (проф. Гоце Наневски).