Градскиот хор „Гортинија“ од Гевгелија, со поддршка на Министерството за култура, вечерва (четврток, 17 април) ќе одржи предвелигденски концерт со познатото дело „Реквием“ од композиторот Џон Ратер …
Ова всушност ќе биде прва изведба на „Реквием“ во Македонија од страна на камерен оркестар кој специјално за ова прилика го формираа Глигор Гелебешев на пијано и оргуљи, Соња Јованова на пијано и харфа, Сузана Стефанова на флејта, Наташа Димовска и Андреј Петрески на обоа со солистите Катерина Петковска и Теодора Атанасова.
Како увертира на „Реквием“ ќе бидат изведени дела од Димитри Бартнаински и Запро Запров.
Концертот ќе се одржи во салата на Народниот театар во Гевгелија со почеток во 20 часот.