На 10 мај 2014та година со почеток во 23:00 часот, во Експо Центар во Скопје ќе се случи уникатна забава наречена Неон Флеш.
На журката ќе бидат промовирани специјални светлосни и визуелни ефекти каде во преден план ќе се истакнуваат неон боите.
По тој повод ќе бидат обезбедени боди-арт уметници кои на посетителите ќе им цртаат најразлични апликации, а сите посетители со самата купена карта ќе добијат и неон светкави стикови кои ќе допринесат за поголеми неон ефекти.
За журката да биде уште поголема, обезбеден е настап на еден од најголемите имиња на електронската сцена, воедно и миленик на македонската публика – Диџеј Скази.
Израелскиот диџеј кој на сцената е од 1998 година, ќе ја забавува македонската публика со неговиот шаренолик диџеј сет составен од електроника, пси-транс, дабстеп, хаус и електророк. Интересно е тоа што неговата музичка кариера ја има започнато во панк рок бенд уште во 1990 година, но во 1996 година го напушта бендот и решава да создава музика за поширока маса, не откажувајќи се од звуците на рокот, панк рокот, и гитарските елементи кои провејуваат во повеќето негови траки.
Картите се пуштени во предпродажба во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на www.kupikartizase.com по промотивна цена од 300 денари до 7 мај, потоа ќе бидат по цена од 400 денари. Предвидени се и ВИП влезници кои се по цена од 500 денари.