Младиот ресенски уметник-аматер Гордана Стојановска ќе одржи изложба во изложбениот салон на домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, на 26 декември со почеток во 18:00 часот.
Изложбата ќе содржи околу 20- тина дела изработени во бакрорез техника, со религиски мотиви.
Според надлежните лица од Домот на културата изложбата ќе биде отворена до 5 јануари 2012 година.