Во Културно-информативниот центар на Република Македонија, синоќа во Софија беше претставено литературното творештво на академик Митко Маџунков …
За книжевниот опус на Маџунков зборуваа Бранко Цветкоски, Венко Андоновски и Николај Шопов, писател и преведувач од Бугарија. Двајцата посебно се осврнаа на романот „Времето на ирвасите”, кој е прв роман на академик Маџунков издаден во Бугарија.
Пред бугарската публика се обрати и академик Маџунков, чие поздравно слово беше проследено со голем интерес.
Проектот беше комплетно поддржан од Министерството за култура.
КИЦ на Република Македонија во Софија ги претстави и првите 147 тома од „Ѕвездите на светската книжевност”, капитална едиција на македонски јазик, во чија редакција учествуваа академик Митко Маџунков и Венко Андоновски.