Во Скопје за прв пат се одржа Social Good Summit 2014

Министри, претставници на академската заедница и професионалци од областа на Social Good Summit 2014 дискутираа на тема: Во каков свет сакаме да живееме во 2030 година?

social_good_sumit_skopje

 

„Треба да ги користиме новите технологии за нови подвизи, но подвизи од кои гладните во светов да бидат нахранети, а не само фотографирани”, изјави Сашо Мацановски – Трендо, кој од модераторот на настанот беше најавен како „вистински великопоседник на витуелен простор во Република Македонија”. Покрај него, честа на професионалците од областа ја бранеше и Богдан Илиевски, познат и како Бетмен Велит.”

„Целта на овој самит, е да ги споиме новите, иновативни технологии, со влијателните умови и да ги насочиме кон една тема: откривање на огромниот потенцијал на новите медиуми и технологии кои можат да го направат светот подобро место за живеење”, изјави Постојниот координатор на ООН и Постојниот претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон, која воедно беше и еден од домаќините на Skopje Social Good Summit.
Претставници на државни институции на највисоко ниво ги претставија своите ставови пред присутните.

„Верувам дека човештвото навистина брзо напредува, а со тоа и Република Македонија оди напред кон промоција наактивности поврзани со подобрувањето на квалитетот на живот. Наша задача е да влијаеме на локалните социјални услови, а со тоа се вклучуваме и ја поддржуваме светската определба за подобрување на условите за живот насекаде во светот. Новите технологии се незаменлив дел од креирањето на подобар свет за живеење, па во таа насока верувам дека само со нивна внимателна, и употреба во позитивен контекст, човештвото може навистина да профитира”, изјави Диме Спасов, Министер за труд и социјална политика и еден од говорниците на оваа дебата, која се одржа во иста временска зона со главниот настан во Њујорк.

Покрај Спасов, на настанот говореше и Марта Арсовска – Томовска, Заменик министер за информатичко општество и администрација, која го нагласи значењето на новите технологии за развојот на човештвото. Деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов преку претставување на работата на Регионалниот центар за иновации, на практичен начин ги пренесе искуствата, како иновациите и новите технологии позитивно влијаат врз општеството.

Новите медиуми беа претставени од личности кои се инволвирани во развојот на новите медиуми и технологии како нов канал за комуникација.

„Дека технологијата оди напред, тоа не е спорно. Меѓутоа, мора да бидеме навистина внимателни за насоката во која ги развиваме истите. Денес многу се зборува за приватност, интима. Па луѓе, која интима ја имаме со илјадници следбеници на Твитер? Треба да ги користиме новите технологии за нови подвизи, но подвизи од кои гладните во светот ќе бидат нахранети, а не само фотографирани”, изјави Сашо Мацановски – Трендо, кој од модераторот на настанот беше најавен како „вистински великопоседник на витуелен простор во Република Македонија”. Покрај него, честа на професионалците од областа ја бранеше и Богдан Илиевски, познат и како Бетмен Велит.

Настанот беше во организација на УНДП и УНФПА, заедно со Министерството за труд и социјална политика, Министерство за Информатичко општество и Факултет за Информатички науки и компјутерско инженерство.

social_good_sumit_skopje2

social_good_sumit_skopje3

You May Also Like