Конституирано е новото претседателство на Друштвото на писателите на Македонија. За секретар на ДПМ за активности во земјата е избран Панде Манојлов, а за секретар за меѓународна активност Кочо Топузоски. Соработката на Друштвото со книжевните манифестации ќе ја води Ресул Шабани, а одговорна за трибините на ДПМ ќе биде Соња Стојменска Елзесер.
На конститутивната седница на ДПМ е избран и новиот организационен одбор на меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“. За нов претседател на манифестацијата е избран Владимир Мартиновски.
На неодамнешното изборно собрание за претседател на ДПМ беше избран Веле Смилевски, а за претседател на Собранието на македонската писателска асоцијација Раде Силјан.