ФХ3Х дел од магијата на Дизниевата „Малифиција“

Аниматорите на ФХ3Х се дел од екипата, која работеше на визулените ефекти на Дизниевата фантазија „Малифиција”, а која премиерно ќе биде прикажана в четврток, 5 јуни, во Скопје …

fx3xСпоред Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент на проектот, ова е само продолжение на одличната и долгогодишна соработка со MPC Technicolor и е дефинитивно многу интересен проект.

– Се работеше на девет минути од филмот од страна на 30 артисти во периодот од ноември 2013 до февруари 2014 година и се изработија 104 кадри што само укажува на големината на проектот, изјави Даниловски.

Оваа 97-минутна семејна авантура, која е ри-мејк на Дизниевата класика „Заспаната убавица“, ги разјаснува настаните кои довеле до тоа самовилата Малифиција да стане толку лоша и злобна, и да ја проколне тукушто родената принцеза Аурора. Приказната открива како еднаш една добра самовила станува Господарка на сите зла.

Режисер на овој високобуџетен филм е Роберт Стромберг, познат по “Alice in Wonderland”, “Avatar” и “Oz the Great and Powerful”, додека сценаристи се Paul Dini (Batman и Superman: The Animated Series, Tiny Toons Adventures, Batman Beyond) и Linda Woolverton (“Alice in Wonderland”, “Beauty and the Beast”, “The Lion King”).

Главната улога Малифиција, лошата самовила ја игра Анџелина Џоли, а покрај неа настапуваат и Elle Fanning во улогата на принцезата Аурора и Sharlto Copley во улогата на Кралот Стефан.

Проекцијата на филмот е во Синеплекс во 20 часот.

You May Also Like