Почнува 15-тата филмска ревија „Прозорец кон италијанскиот филм“ на Амбасадата на Италија во соработка со Кинотеката на Македонија …
Амбасадата на Италија во соработка со Кинотеката на Македонија од денеска до 25 март ја организира 15-тата филмска ревија „Прозорец кон италијанскиот филм”.
До вторник во Кинотеката ќе има по две проекции на современи италијански филмови, во термините од 20 и од 22 часот. Ќе бидат прикажани две драми и две комедии од најновата продукција, кои третираат теми за актуелната состојба во италијанското општество и прашања кои го засегаат современиот човек.
На вечерашното отворање на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Добредојдовте претседателе“, а во наредните три дена и насловите: „Совршен ден“, „Ќе се вратам“ и „Мелем“.
Филмовите се титлувани на македонски јазик. Влезниците може да се купат на билетарницата на Кинотеката по цена од 50 денари и 25 денари за студенти.