Први студии по шпански јазик и книжевност

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска (понеделник, 24 септември, 2012 година), на свечен начин го одбележа започнувањето на новите четиригодишни студиски програми по шпански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Во амфитеатарот на Филолошкиот факултет, на првиот час на студентите им се обратија продеканот на Филолошкиот факултет проф. д-р Славица Велева, ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Фернандо де Галаинена Родригез .

 
Овие студиски програми по шпански јазик и книжевност се единствени во Република Македонија.

You May Also Like