„Ш Ш Ш“ за старт на новата сезона на Филхармонија

В четврток (27 септември, 2012 година) со концертот „Ш Ш Ш“ Македонската филхармонија ја започнува новата концерта сезона 2012/2013.

 

Концертот е насловен „Ш Ш Ш…“ поради иницијалите на композиторите Шуман, Шуберт и Шенберг, чии дела се на програмата: Концертот за пијано и оркестар од Роберт Шуман, ретко изведуваната Симфонија број 3 од Франц Шуберт и за првпат во Македонија ќе прозвучи Рондо Цингарезе на Клавирскиот квартет на Јоханес Брамс во оркестрација на Арнолд Шенберг.

Диригент ќе биде познатиот Јануш Пшибилски од Полска, а како солист ќе настапи швајцарскиот пијанист Франческо Пјемонтези.

И во новата концертна сезона Македонската филхармонија најавува атрактивна програма, звучни солистички имиња и продолжување на циклусите „Виртуози“, „Лауреати“ и „Кирилица“.

You May Also Like