„Античките теракотни фигурини“ по Рим и пред домашната јавност

Со отворањето на изложбата „Античките теракотни фигурини од Македонија“ денеска (понеделник, 24 септември, 2012 година) во Музејот на Македонија започнуваат Европските денови на културно наследство.

Фигурините во мај премиерно беа поставени во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на светите браќа Кирил и Методиј“, а сега првпат ќе биде презентирана пред македонската јавност.

Изложбата содржи повеќе од 220 теракотни фигурини од античкиот период, најголем дел од локалитетот Исар-Марвинци, а презентирани се и предмети од збирките на Стоби, Завод и музеј Охрид и Народен музеј Гевгелија.

Автори на концепцијата за изложбата се Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, и Златко Видески, виш кустос во Археолошкиот оддел при Музејот на Македонија.

You May Also Like