Најава за „Здраво млади“

На еден месец пред одржувањето на второто издание на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ во МКЦ, еве неколку детали од истиот. Програмата се комплетира и на досегашните најавени Prinzhorn Dance School, Rebolledo, Matias Aguayo, Stuttgart Online, Electricity in our homes и SIZ се додаваат:

Култните Обојени Програм кои штотуку го издадоа својот нов албум за ЕГЗИТ етикета, новите херои на белградскиот асфалт РЕПЕТИТОР, домашните надоаѓачки инди поп звезди JUNE кои ќе го промовираат својот деби албум, скопските Minutemen наречени Culture Development, пеколното дуо WHILE кое го издава својот прв 7″ за Направи Заедно и германската Twin Toe етикета и претставникот на македонската електронска сцена Мирко Попов.

Продажбата на билети за фестивалот започна. Од денес (сабота, 28.04) фестивалски билет ќе чини 400 денари и ќе може да се набави во ЈУГОТОН и на билетара на МКЦ. Понатаму цената на фестивалски билет ќе расте и навремено ќе бидете известени за следните промени.

___________________________________________

РЕПЕТИТОР се форимирани во 2005 година во Белград, Србија. Милена Милутиновиќ (бас и глас) и Борис Власетелица (гитара и глас) веќе некое време свиреле и биле во потрага по тапанар, тогаш им се приклучува Ана-Марија Чупин и веќе во почетокот на 2006 бендот настапува во живо. Се редат концерти низ цела Србија, а интересно е дека првиот нивни настап надвор од границите е во СКопје, поточно во МКЦ во ноември 2006 година. Во 2007
бендот освојува прво место на Арт&Музика фестивалот во Пула.

Првата песна снимена во студио наречена „Ја“ е објавена на компилацијата „Јутро че променити све“ во 2008 година. Истата година го издаваат и деби албумот „Све што видим је први пут“ за „Одличан хрчак“.

Бендот веќе станува популарен низ просторите на бивша Југославија и следуваат непрекинати настапи, како клубски, така и фестивалски, па бендот настапува на сите реномирани фестивали Егзит, Теранео, АКТО, па еве сега и Здраво Млади :P.

Бендот веќе го има снимено вториот албум кој ќе биде издаден за словенечката култна издавачка куќа MOONLEE RECORDS, за жал не во планираниот термин во април 2012, така да на Здраво Млади ќе можеме да слушнеме дел од новиот албум, а секако и хитови од предходникот. Ќе имаме можност да уживаме на 25.05 во рамки на второто издание на Здраво Млади.

JUNE
Приказната започнува во 2007-ма година кога Бојана за прв пат започнува да пишува авторски песни. Се до 2010 година нејзина единствена публика а воедно и наголем фан беше нејзината мачка Шаја. Во 2010 година започнува да настапува како соло артист под името Бомзич (Bomzich), се до мај кога заедно со Филип свират како изненадување на еден роденден. Во Септември 2010 година на скопскиот фестивал “Пиволенд“ се запознава со Данчо и од тој момент тројцата функционираат како бенд. Енергијата која ја носат овие тројца млади креативци како целина резултираше со настапи на најдобрите регионални фестивали, “Таксират 2010“ како предгрупа на Nouvelle Vague, како и настап на EXIT 2011. Моментално го финишираат својот прв албум.
JUNE самоуверено газат по емотивната страна на префинетиот инди поп. Уникатна прилика да се почувствува бескомпромисна акустична искреност. – JUNK COLA.

WHILE е чуден повторувачки микс на незаборавни звуци на твојата анти-социјална ера, повторно повикувајќи го здравиот разум на The Wipers и Mission of Burma, злоупотребата на Black Flag, последните денови на My Bloody Valentine и секс возење што го направи Ian MacKaye поп пејач.
Додека Андрија Спичановиќ свири гитара и пее, Стеван Ќировиќ свири тапани и пее. Можеби веќе ги знаете како членови на Jaibo!, Let’s Grow, 36 Daggers или Cut Self Not, но на крај секако ќе ги сакате како вашите омилени бунтовнички момци.

ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ
Во текот на безмалку триесет години постоење, новосадската група ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ стекна култен статус на балканските простори. Тие се првиот бенд кој се појави на култната емисија “120 minutes” на тогаш реномиранит MTV (music television) во 1993 година, и еден од ретките бендови кој имаше чест да биде представен од страна на познатиот John Peel во неговата радио емисија во 2002 година. Изминатите години низ бендот се менуваа десетици различни членови, а единствен член од оригиналната постава е Кебра – главниот вокал и автор на понекогаш емотивно обоени, понекогаш политички ангажирани текстови. Неговиот глас и типичниот начин на пеење станаа во голема мерка заштитен знак на овој бенд.
За лејблот на фестивалот EXIT штотуку го издадоа својот нов албум наречен „Како то мислиш: ми“.Новиот материјал, со два баса и тапанарот Илаја Влаислављевиќ Бебек од групата БОЈЕ на бендот му носат сосема нова енергија која сите нивни обожаватели, и стари и нови, ја препознаваат и
поздравуваат. Албумот можете да го соберете бесплатно на сајтот на фестивалот EXIT.

CULTURE DEVELOPMENT се млад пост хардкор/емо бенд од Скопје. Постојат од декември 2011 година. Членови се Алек Костенаров (бас гитара; вокал), Александар Макаловски (гитара; вокал) и Стефан Дојчиновски (тапани).

You May Also Like