Слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и заинтересирани граѓани вчера (вторник, 11 февруари) учествуваа на осмата тортијада „Слатка мистерија 2014“ што ја организира Општина Ѓорче Петров.
Во ревијалниот дел, кој се одржи во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ (старо кино), учествуваат 43 аматери и професионалци од девет скопски општини, а спонзорите на своите штандови нудеа бесплатна дегустација на своите производи.
На Тортијадата првпат учествуваа и ученици од општината ќе се натпреваруваа во декорација на торти.Тортијадатабеше проследена со културно-забавна програма и настап на естрадни уметници и актери.
Настанот се одржа во ресторанот „Еленче“. Организаторот соопшти дека со собраните пари од продадените торти ќе бидат уредени санитарните јазли во градинката „Росица“.