Bечерва (вторник, 11.6.2013 година) во 21:00 часот во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес е отворањето на 50-тото јубилејното издание на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“, на која ќе настапат поети од Црна Гора, Бугарија, Романија и од Македонија.
Во „Куќата на Рацин“ во стариот дел на Велес вечерва ќе биде промовирано и це-де со љубовна поезија на Рацин, а улицата „Кочо Рацин“, каде што се наоѓа неговата родна куќа, ќе биде прогласена за „Сокак на поезијата“.