Првата приказна на Андерсен откриена во Данска

Првата творба на Ханс Кристијан Андерсен беше откриена на дното од кутија во близина на родниот град на данскиот писател, пренесува Би Би Си. Експертите тврдат дека е напишана уште во неговите училишни денови.


Творбата наречена „Лоената свеќа“ (од англ. – Tallow Candle), се смета за прва напишана приказна на светски познатиот раскажувач. Раскажува за една почитувана свеќа,која по некое време била заборавена,се додека нејзината внатрешна убавина не била откриена и таа повторно пламнала.

Откриениот ракопис, тврдат експертите е посветен на г-ѓа Бункелфол, од страна на писателот на „грдото пајче“ … Се смета дека г-ѓа Бункелфолд е вдовица, која писателот често ја посетувал како дете, од каде позајмувал книги од нејзината богата домашна библиотека.

Весникот “Политикен” публикува преведена верзија на англиски од приказната.

Во текот на октомври оваа година историчарот Есбен Браун,станал нејзиниот прв пронаоѓач. Тој ја пронашол копијата од ракописот во една кутија низ архивите на националната архива во Фунен и оттогаш, експертите го анализираат откритието, кое се состои од 700 зборчиња.

До смртта, 1875 година Андерсен е автор на стотици приказни, преведени на над сто јазици. Според анализите на специјалистите „Лоената свеќа“ се разликува од стилот на кој се пишувани елегантните творби на авторот, поради што се смета дека е пишувана,додека тој уште бил ученик, некаде после 1820 година.

Писателот е роден 1805 година во Одензе, во скромно семејство на татко чевлар. Првите приказни се публикувани во 1835 година. Според експертите ова откритие е сензација.

Лазар Ѓорѓиевски

You May Also Like