Зимски фестивал на книгата во „Три“

Во кафе-книжарницата „Три“ во тек е Зимскиот фестивал на книгата кој донесува актуелни и возбудливи литературни претставници.

Во соопштението за фестивалот стои: Ако во минатите години уживавме во книгите на Стиг Ларсон, во следните ќе ги читаме трилерите на не помалку популарните Хенинг Менкел и Камила Лекберг, кои заедно со Ларсон го сочинуваат Светото тројство на шведската криминалистичка проза.

„Ледената принцеза“ на Лекберг и првиот дел од серијалот „Валандер“ на Менкел, „Убијци без лица“, две врвни книги во својот жанр, се нашата препорака број 1 за вас за претстојниот период. Но, тука се и уште неколку големи имиња – авторката на „П.С. те сакам“, Сесилија Ахерн со романот „Да можеш да ме видиш сега“, уште една волшебна приказна за семејството, пријателството и љубовта, Франсеск Миралјес, чиј роман „Посакувам да си тука“ ќе ве одведе на прекрасно патување во Париз, и Николо Аманити, кој ќе ви ја приреди најлудата забава што можете да ја очекувате во неговиот роман „Забавата може да почне“.

You May Also Like