Денеска (среда, 10 октомври,2012 година), на Плоштадот Македонија,во 21:00 часот, ќе почне 6-от по ред Интернационален фестивал на виното „Вино-Скоп 2012“.
Официјалното отворање на Манифестацијата, ќе го одбележат обраќањата на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и на министерот за земјоделие, Љупчо Димовски.
На ова издание на Фестивалот на виното во рамки на музичката програма пред пребирливата винска публика ќе се претстават квалитетни македонски музичари од кои утревечер, на Плоштадот Македонија ќе настапат „АЈДАРЕД“, хорот „СОУ Јане Сандански“, Нино Величковски, Нови Вал Се Враќа (ПОПС), Семка и ѕвездите на вечерта Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.
Годинава на „Вино-скоп“, ќе учествуваат околу 20 македонски винарии, а една чаша вино е со почетна цена од 70 денари. Интернационалниот фестивал на виното „Вино-скоп 2012“ , годинава ќе трае до недела 14 октомври. Град Скопје, за одржување на оваа Манифестација, од Буџетот, одвојува околу 500 000 денари.
Музичка програма на Вино-Скоп
Среда 10.01.2012
19:00 – 20:30 АЈДАРЕД
20:30 – 21:00 СОУ Јане Сандански – хор
21:00 – 22:30 Нино Величковски
22:30 – 23:45 Нови Вал Се Враќа (ПОПС)
23:45 – 00:15 Семка
00:15 – 02:00 Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд
Четврток 11.01.2012
12:00 – 15:00 Чалгии
15:00 – 18:00 Дуо Иле и Никица
19:00 – 20:30 Калевала
20:30 – 22:00 НРГ Бенд
22:00 – 00:00 Нокаут
00:00 – 02:00 Скандал Састав
Петок 12.01.2012
12:00 – 15:00 Чалгии
15:00 – 18:00 Тамбураши
18:00 – 19:00 Традиционален танц и музика при ДМБУЦ
19:00 – 21:00 Чалгии
21:00 – 22:30 Рок Фантази
22:30 – 23:30 Шајн
23:30 – 01:00 Миле Кузмановски
01:00 – 03:00 ДЏ Славе и Кантурови со сет тапани
Сабота 13.01.2012
12:00 – 15:00 Лили
15:00 – 18:00 Мајдан Етно Џез квартет
18:00 – 19:00 Лесен удар
19:00 – 21:00 Нина Јанева
21:00 – 23:00 Тони Китановски и Черкези
23:00 – 01:00 Баилдса
01:00 – 03:00 КАЛ Бенд
Недела 14.01.2012
12:00 – 15:00 Лили
15:00 – 18:00 Тамбураши
19:00 – 20:30 Панче Алачки (трубачи)
20:30 – 22:00 Offcestra
22:00 – 00:00 Баклава
00:00 – 02:00 Тоа е тоа: Венко Серафимов, Мики Јовановски – Џафер, Љупчо Фис и Бошко