Денеска (01 јули 2014 година, вторник) со почеток во 10:00 часот во Амфитеатар 1 на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи свеченото отварање на Mеѓународната конференција за Евроазиски економии (International Conference on Eurasian Economies) 2014.
Оваа конференција е во организација на Бејкент Универзитетот од Турција, Туркманас Универзитетот од Киргистан, а домаќин е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На овој свечен настан свое обраќање ќе имаат:
10.00 – 10.10
Проф. д-р Љубомир Дракулевски, Декан на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје,
10.10 – 10.20
Проф. д-р Мери Цветковска, Проректор за меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
10.20 – 10.30
Проф. д-р Мехмет Емир Карахан, Ректор на Бејкент Универзитетот од Турција.
По поздравното обраќање и свечениот дел, ќе се продолжи со работните сесии на кои со свои трудови ќе се претстават околу 200 истакнати професори од регионот на Евро-азија.