Оперетата „Слугинка Господарка“ вечерва на Бит фест

Денеска (24 август недела) во 21:00 часот во Пациото во Битола ќе биде изведена оперета „Слугинка Господарка“.

sluginki

 

Изведбата на „Слугинка Господарка“ е во рамките на Бит фест

Авторска екипа:
Режисер- Трајко Јордановски
Диригент- Иван Еминовиќ
Костимограф- Златко Јовановски
Сценограф- Елена Алчева
Графички дизајнер- Марина Трајковска

Солисти:
Серпина-Марија Наумовска (сопран)
Уберто-Невен Силјановски (баритон)
Веспоне-Борко Биџовски (нем лик)
Слугинка-Симона Чакарјанева

Сценско-техничка екипа:
Асистент режисер/инспициент-Игор Пармаковски
Асистент сценограф-Игор Спировски
Светло дизајнер-Васко Лисичов
Изработка на костими-Наталија Јордановска
Техничка поддршка-Драги Кметовиќ, Љубиша Ивановски-Лепи, Владимир Павлов

Кратка содржина (синопсис):

ПРВ ДЕЛ
Уберто е постар дипломат кој е лут и нетрпелив кон неговата слугинка Серпина која ги запоставува нејзините должности и се однесува арогантно кон него. Уберто се нервира бидејќи таа секогаш му се противставува и ѝ кажува дека решил да се ожени, а во истиот тој момент таа самата му се нуди. Тој не сака ни да чуе и дава наредба Веспоне да му најде жена.

Интермецо

ВТОР ДЕЛ
Серпина смислува итрина како да стане жена на Уберто и на помош го повикува Веспоне кој ќе треба да се преправа дека е нејзин свршеник, а за таа услуга му ветува дека тој ќе стане втор газда на куќата. Уберто се обидува самиот на себе да си ги открие вистинските чувства кон Серпина. На радоста и нема крај бидејќи секој на свој начин е задоволен од крајниот исход, а најмногу Серпина, која конечно од слугинка станува господарка. Како и во вистинскиот живот, така и во нејзиниот судбината ќе направи неочекуван пресврт на работите од кои посебно Серпина нема да биде воодушевена…

You May Also Like