Почнува со снимање ТВ серијалот „Тиквешко востание“

Министерката Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска (среда, 3.4.2013 година) во 19:00 часот во Ваташа, ќе присуствуваат на првата клапа од телевизискиот серијал „Тиквешко востание“ во продукција на Видео студио Петковски, а во режија на Драган Вељановски.


Станува збор за четири серии кои се снимаат по повод одбележувањето на 100-годишнината од Тиквешкото востание и во кои ќе бидат претставени и обработени битни и нови податоци за овој историски момент кој се случил во екот на Втората балканска војна.

You May Also Like