Во тек се петте конкурси за „Скопје креатива“

„Универзална сала“-Скопје, преку проект-платформата за развој на креативните индустрии и во соработка со бизнис секторот од нашата земја, најави пет конкурси за изработка на нови креативни производи и услуги, на кој учество може да земат сите креативци индивидуалци, здруженија на граѓани и компании кои делуваат и творат во областа на креативните индустрии.

skopje kreativa

Преку проектот „Скопје креатива“, компанијата „Вива“, која годинава го одбележува две деценискиот јубилеј, ги повика сите креативци да се вклучат во нивниот повик за изработка на препознатлива маскота за „Вива“ соковите. Најдоброто идејно решение ќе добие награда во висина од 18 илјади денар, како и изработка на понуденото решение.

Компанијата „Инфинити солушнс“ од Скопје, ги повика ИТ дизајнерите од Македонија, да се вклучат во нивниот повик за израбтка на софтверски продукт кој ќе може да се продава на пазарт и ќе има реална потреба во секојдневниот живот на граѓаните. Наградниот фонд за овој конкурс изнесува 20 илјади денари, со можност најдоброто идејно решение да биде и реализирано.

Брендот на домашни македонски производи „Мама`с“ објавува конкурс за изработка на уникатна и лесно монтажна полица за поставување на нивните производи на продажни места. Сите дизајнери имаат право да учествуваат со најмногу едно понудено решение, а најдоброто кое ќе биде избрано ќе добие награда во висина од 18 илјади денари и можност за реализација на предлжениот проект.

Покрај нив, компанијата „Пакомак“ во соработка со проектот „Скопје креатива“ објавува повик до сите дизајнери за изработка на уникатна уметничка инсталација создадена од амбалажен отпад. Наградниот фонд за најдоброто избрано идејно решение изнесува шест илјади денари и можност за реализација.

-Покрај конкурсите од страна на бизнис секторот, наскоро сите креативци ќе може да бесплатно да се регистрираат на првата софтверска апликација која е база на податоци за целиот креативен потенцијал. Оваа алатка, ќе претставува уште една можност за директна соработка меѓу бизнис заедницата од една страна и креативците индивидуалци и здруженија од друга страна во промовирањето на креативните индустрии. Исто така наскоро, очекувајте ја и првата борд гејм игра работена според познатите „Монополи“, „Ризик“, овој пат со македонска содржина и топоними конкурентна не само на домашниот туку и Европскиот пазар. Проект-платформата „Скопје креатива“ продолжува и натаму да работи со истото темпо, а сите производи ќе бидат промовирани на фестивалската програма предвидена за крајот на ноември месец, потенцираше директорката на Унвиерзална сала-Скопје, Вера Бошковска.
Сите заинтересирани физички и правни лица, може да се пријават за еден од понудените конкурси најдоцна до 27 октомври, 2014 година.

Дополнителни информации за начинот на аплицирање, кандидате може да добијат на официјалната веб платформа на проектот „Скопје креатива“ на www.skopjekreativa.mk односно http://skopjekreativa.mk/konkursi.html

You May Also Like