Утре (четврток, 4 април 2013) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 10:30 часот, ќе биде одржано предавање на тема „Претставување на холокаустот: Помеѓу историјата и сеќавањата“ од м-р Јони Бероуз.
Во рамки на одбележувањето на 70 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка, во окупирана Полска и одбележувањето на Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел, којшто се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени за време на холокаустот, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија го организира предавањето под наслов „Претставување на холокаустот: Помеѓу историјата и сеќавањата“ од м-р Јони Бероуз.
Бероуз е предавач при Светскиот еврејски сектор од Интернационалната школа за холокауст едукација при светски водечката институција и меморијален центар Јад Вашем од Ерусалим, Израел.