Битолскиот женски хор „Стив Наумов“ настапува во Турција

Младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“ – Битола отпатува за Анталија, Турција каде до 7 април ќе учествува на Меѓународен фестивал на хорови.

За време на престојот во Турција ќе имаат еден ревијален настап и едно претставување во натпреварувачкиот дел на програмата.

Во Анталија ќе настапат хорови од различни категории и тоа мешани, еднородни машки или женски и детски хорови. Во текот на фестивалот ќе настапиме два пати, односно во ревијалениот и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Во пресрет на фестивалот работевме напорно, во натпреварувачкиот дел ќе ги изведеме духовна музика од Тодор Скаловски, композицијата „Заремнети брегови“ од Ристо Аврамовски, една музичка тема од турски композитор и ќе завршиме со Властимир Николовски, односно една негова композиција со брз ритам преку која се прикажува една димензија на македонската музика, рече Љубомир Трифуновски,раководителот на хорот и диригент.

Патувањето на младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола е помогнато од градоначалникот на општина Битола, како и поддржувачи на ова културно уметничко друштво од бизнис секторот во овој град.

извор: regioni.mk

You May Also Like