Потпишан меморандум за поддршка на креативните индустрии

Вечерва (среда, 20 јуни 2012 година) во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, беше потпишан Меморандумот за соработка меѓу партнери и релевантни институции за развој и поддршка на креативните индустрии. Потпишувањето беше дел од Форумот за креативни индустрии на Република Македонија, што е во организација на Британскиот совет во Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

 

Меморандумот за соработка во областа на креативните индустрии меѓу релевантните институции и организации коишто се обврзуваат да го дадат својот придонес и соодветна поддршка на Креативните индустрии го потпишаа директорката на Британскиот совет во Скопје, Елеонора Запрова, министерката за култура на Р.М., Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, претседателот на Асоцијацијата на стопански комори на Македонија, Златко Калеников како и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р. Велимир Стојковски.

You May Also Like