Одбележани 63 години од смртта на Панко Брашнаров

Во организација на општина Велес и општинскиот Сојуз на борци денеска пред споменикот на Панко Брашнаров беа одбележани 63 години од неговата смрт.

Panko_brasnarov

Панко Брашнаров бил народен учител и борец за социјална правда. На основачкиот конгрес на ВМРО (Обединета) во октомври 1925 година бил избран за член на нејзиниот прв Централен комитет.Тој бил потпретседател на Президиумот на АСНОМ и како најстар бил и првиот претседавач на АСНОМ од 1944 година. Брашнаров бил роден 1883 година во Велес, а починал на 13 јули 1951 година на Голи Оток.

– Брашнаров ги заборавил личните задоволства и семејната среќа, пред желбата за слобода и човечко достоинство. Не сакал да ги учи македонските деца на бугарски и српски туку на македонски јазик и ја одбивал учителската работа. Во 1950 година бил уапсен поради неговата поддршка на сталиновата резолуција, а следната година испратен на двегодишна „општествено полезна работа“ на Голи Оток во Хрватска, каде по неколку дена во мизерни услови, болен, умира на 13 јули 1951 година, истакна Слободан Ников историчар и директор на Одделението на Државниот архив на Македонија во Велес.

Според него, Брашнаров е еден од најголемите македонски синови за слободна Македонија и неговиот живот и дело треба да биде пример за сегашните и идни генерации.

You May Also Like