Избрани добитниците на државната награда „Св.Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ на својата седница одржана на 19.11.2012 година, ги избра добитниците на највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Бранко Ѓорчев - еден од овогодинешните лауреати

1. Во областа на воспитаниeто и образованието, наградата му се доделува на
– проф. д-р Ѓорѓи Павловски, географ.

2. Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на :
– Бранко Ѓорчев, актер.

3. Во областа на здравството, наградата им се доделува на:
– прим. д-р Ѓорѓи Гоцев, дерматовенеролог и на
– доц. д-р Антонио Георгиев, кардиолог.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2012 година (сабота) во 12 часот во Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим, се вели во соопштението на Претседателот на одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“, академик Вера Битракова Грозданова.

You May Also Like