Последен ден од Филмоманија во Синеплекс

Денеска (среда, 24 сепетември 2014) е последен ден од филмската ревија Филмоманија во Синеплекс.

film_track3

На последниот ден од ревијата која ги претстави насловите од сите поголеми фестивали кај нас, денеска публиката може да ги проследи:

СРЦЕ НА ЛАВ
LEIJONASYDÄN (Финска, Шведска)
Режија: Доме Карукоски
Сценарио: Алексеј Барди

Играат: Лора Бирн, Питер Франзен, Јаспер Пеконен
Тепо се запознава со прекрасната русокоса Сари и се вљубова во неа. Но ова нема да биде обична љубовна приказна. Тепо е централна фигура на неонацистичка група, а откако ќе го запознае синот на Сари – го чека големо изненадување. Имено, синот се вика Рамадани и црнец е. Се разбира, Тепо наеднаш се наоѓа во голема дилема. Од една страна, страсна љубовна афера со прекрасна жена и можност за остварување
на соништата за родителство и семејство, а од друга, неговите долгогодишни убедувања за дискриминацијата и омразата.
16+

КОСТУРСКИ БЛИЗНАЦИ
SKELETON TWINS (САД)
Режија: Крег Џонсон
Сценарио: Марк Хејман и Крег Џонсон
Играат: Кристен Виг, Бил Хејдер, Тај Барел, Лук Вилсон
Награди и фестивали:
Најдобро сценарио (Филмски фестивал Санденс)
По цели десет години разделеност, близнаците Меги и Мајло во ист ден сосема случајно успеваат да избегнат смрт, што ги тера пак да се спојат и заедно да се обидат да го најдат одговорот на прашањето кога и каде нивните животи тргнале во погрешна насока. Како што минува времето, двајцата близнаци постепено откриваат работи еден за друг и сфаќаат дека клучот за поправање на нивните животи може е во подобар меѓусебен однос…

РАЦИЈА 2
THE RAID 2: BERANDAL (Индонезија)
Режија: Герет Еванс
Сценарио: Герет Еванс
Играат: Ико Уваис, Арифин Путра, Ока Антара, Тио Пакусодево
Награди и фестивали:
Филмски фестивал Сандес, Филмски фестивал Карлови Вари Откако во првиот дел успеа да излезе жив од зграда полна со гангстери и лудаци, полицаецот почетник Рама мисли дека ќе се врати на нормалниот живот. Но излегува дека сите што успеал да ги совлада се само капка во морето на многу поголема организација што овојпат не му се заканува само нему, туку и на неговото семејство…

You May Also Like