Актерот Тони Наумовски на сцената на „ЛаМаМа“ во Њујорк

Нашиот познат актер Тони Наумовски, денот на театарот го прослави со светската премиера на претставата “Лисабон” во театарот Ла Мама во Њујорк.

toni_naumovski

Овој пат во режија на познатиот режисер, актер и сценарист Христо Христов по текстот на меѓународно наградуваниот автор Захари Карабашлиев. Продуцент на претставата е легендарниот Воза Риверс кој е продуцент на познатиот актер Питер Брук за Америка, а воедно и уметнички директор на Театарот “Њу Херитеџ” кој годинава слави педесет години јубилеј.

Текстот е во традицијата на големите актери на апсурдот. Во претставата станува збор за пет личности кои се среќаваат во празен простор. Секој еден од нив се стреми да избега и да биде слободен. Просторот е место на дејствието, а местото и времето на случувањето се непознати.

„Дали е ова реалност или игра на умот? Дали ќе дознаат всушност кои се? Што се? Зошто се?

Текстот ги отвара вечните егзистенцијални прашања за човечкото постоење . Во оваа претстава провејува македонска мелодија, конкретно песната “Со маки сум се родила” инкорпорирана со зборови на самиот автор.
ЛаМаМа е едно од најмаркантните имиња во историјата на театарот, место каде што многу светски имиња како Питер Брук, Џерзи Гротовоски,Андреј Сербан, Сем Шепард, Ф.Муреј Абрахам, Мартин Шин, Роберт Дениро, Ал Пачино и многу други, ги започнале и негувале своите кариери.“
Наумовски на оваа сцена ќе настапи по шести пат.

Lissabon_Toni_Naumovski

You May Also Like