Порта Македонија свечено отворена

Денес, на плоштадот „Пела“ во Скопје, свечено беше пуштен во употреба објектот „Порта Македонија“, на која се прикажани мотиви од македонската историја, култура и традиција. „Порта Македонија“ е симбол на големата историска победа, создавањето независна и суверена Македонија.

Објектот го пуштија во употреба премиерот Груевски заедно со вицепремиерот и и министер за финансии Ставрески, министерката за култура Канческа-Милевска и авторката на објектот Валентина Каранфилова Стевановска.

Министерката Канческа – Милевска, која беше главна моторна сила во реализацијата на овој проект, вложи неизмерно многу труд, време и енергија во неговото созадавање. – Во најтешките мигови не се плашеше јавно да излезе и да го брани проектот, како целиот така и овој кој денеска го одбележуваме како завршен, изјави Груевски.

Еден ден, сите нас ќе не нема, само делата ќе останат, рече Груевски.

– Ја славиме нашата историја и култура, ги славиме македонската фаланга, Јустинијан, Цар Самоил, Крале Марко, Карпош, Илинденците, Свети Кирил и Методиј и Свети Климент и Наум, ги славиме македонското сликарство, вајарство, мозаик, архитектура, копаничарство, гранчарство, поезија, книжевност, фолклор и музика, истакна министерката Канческа – Милевска.

Портата, чиј автор е академската скулпторка Валентина Стевановска, ја красат триесетина релјефи изработени од мермер кои прикажуваат делови од историјата на македонскиот народ. Мотивите од длабок релјеф се поставени на сите страни на објектот. Меѓу нив се прикажани Александар Велики и Филип Втори со фалангата, Јустинијан Први, Цар Самоил, Крале Марко, Карпош. Има релјефни мотиви на Илинден, од АСНОМ, прогласувањето на независна Македонија во 1991 година. На објектот се наоѓаат и релјефи на манастирот „Свети Јован Бигорски“, Даут-пашин амам, Мостот на поезијата во Струга и други. Во горниот дел од фасадата, на четирите агли се поставени скулптури – човечки фигури лиени во бронза.

Портата е висока 21 метар. До врвот водат два лифта и две скалила. Во внатрешноста има галериски простор на две нивоа, а најгоре платформа за набљудување.

You May Also Like