„Приземје Екипа“ е млад рап состав кој го сочинуваат Мики Миноски, Марио Милески и Дарко Андонов (DJ Irie Scratch). Млади дечки желни да се докажат на македонската музичка сцена, а сметаат дека имаат огромна преспектива.
Како што велат и самите, пробуваат да го донесат рапот на едно посебно ниво кое ќе биде прифатливо за сите, а имаат желба да ја издигнат рап културата во Македонија на едно повисоко ниво.
Инаку, младиот DJ Irie Scratch секој понеделник можете во живо на го чуете и на Студент ФМ 92.9 – Универзитетско радио , од 15:00 до 16:00 часот со неговата емисија Rhythm & Juice.
Проследете ја песната „Директно од Приземје“ и воедно нивниот прв спот кој е најава за нивниот прв албум со наслов „Во рамки на реалност“.