Популарната „Хенри Шести“ на Хераклеја

Денеска (сабота, 21 јули) во амфитеатарот Хераклеја од 21:00 часот ќе се одигра театарската претстава „Хенри Шести“.

По одгласите од премиерата во центарот на „шекспиријанството“ „Глоуб театар“ на театарската олимпијада во Лондон, одличната премиера во Битола, одигрувањето на театарската претстава „Хенри Шести“ на неделата на Битолски театар во Скопје, „Хенри Шести“ ги отвори апетитите на Битолскиот народен театар за уште еден чекор понатаму – освојување на друг светски центар.
Драмата се осврнува на настаните за време на таканаречената „Војна на Розите“, војна меѓу династиите во Англија од 1450 до 1485 година.

Третиот дел од „Хенри Шести“ се фокусира на ужасите и конфликтите во ситуацијата кога политичките и лични амбиции ја фрлаат еднаш средената нација во безредие и варварство при што семејствата се распаѓаат, а моралните норми  сурово се газат во потрага по одмазда и моќ.

За третиот дел од претставата „Хенри Шести“ од Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел, преку која првпат се слушна македонскиот јазик во лондонски „Глоуб“, Битолски театар доби многу позитивни критики во британските медиуми.

Вечерашната изведба на „Хенри Шести“ е во рамкте на битолското културно лето Бит Фест 2012.

You May Also Like