Годинешното, четврто издание на Меѓунариоднуиот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ ќе се одржи од 15 до 19 октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“. Домаќин е Домот на културата и Општина Виница.
Првата награда за карикатуира ја доби Александар Блатник од Република Србија, втората Валентин Георгиев од Република Бугарија, а третата награда му припадна на Мирослав Геренчер од Република Хрватска.
Фестивалот почнува со театарската претстава на Штипскиот народен театар „Отворач на конзерви“, како и со изложбата на карикатури на годинешните учесници на фестивалот.
Од придружните манифестации на фестивалот ќе го споменеме одржувањето на работилницата за карикатура која ке биде реализирана на часовите по ликовна уметност во двете основни училишта. Раководител на работилницата е македонскиот карикатурист Мирослав Георгиевски.