Свеченото отворање на манифестацијата „Крушево – етно град“ е закажано за 26 јули пред споменикот „Илинден“, каде што ќе настапат голем број културно-уметнички друштва.
Крушевчани во костими на комити и чорбаџии веќе традиционално се обидуват да ја доловат сликата од историската 1903 година на туристите што се очекуваат во градот.
Викендов во чаршијата Општината и занаетчиите ќе организираат староградска чаршиска комитска вечер.
Mанифестацијата „Крушево- етно град“ која се одржува во пресрет на големиот македонски празник 2 август – Илинден, започна во 2009 година.