Санација и конзервација на манастирот Св.Никола во битолски Чагор

Продолжува санацијата и конзервацијата на манастирската црква Св.Никола во село Чагор, Битола …

Sv.Nikola selo Cagor Demontaza na juznata strana na pokrivot 1

Со поддршка на Министерството за култура, продолжува реализацијата на проектот за санација, реставрација и конзервација на архитектурата на манастирската црква, Св.Никола во с.Чагор, Битола.

Во текот на досегашните активности за реализација на проектот на кој се работи во повеќе фази, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола, извршија конструктивно консолидирање на ѕидовите и нивна делумна реконструкција, дренажа, како и реконструкција на покривот и сводот на црквата. Годинава согласно проектот продолжија активностите за реконструкцијата на покривот и малтерисување на ѕидовите на тремот на црквата.

Sv.Nikola selo Cagor Demontaza na juznata strana na pokrivot

Заштитата на овој значаен споменик на културата од 16 и 17-ти век, во иднина ќе овозможи интервенции и на фрескоживописот кој потекнува од 30-тите години на 17-ти век. Проектот за санација и конзервација на архитектурата на црквата Св. Никола, ќе биде завршен до крајот на годинава.

You May Also Like