Покрив за сцените на Античкиот театар и Долни Сарај во Охрид

Нови покривни конструкции се поставени на сцените на Античкиот театар и Долни Сарај во Охрид …

anticki teatar

На Античкиот театар во Охрид се во тек градежните активности за поставување на покривната конструкција чија цел е да ја заштити сцената од надворешни влијанија.

Проектот за покривање на оваа сцена, кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура, се очекува да биде реализиран до почетокот на следниот месец, кога се очекува на 12 јули, токму на оваа сцена да биде означен почетокот на најголемата музичко-сценска манифестација, фестивалот „Охридско лето“.

Anticki teatar 1

Покрај овој проект, со поддршка од Министерството за култура, во моментов се изведуваат и градежни активности за поставување на  покривната конструкција на сцената на Долни Сарај.

Покривните конструкции на двете сцени ќе овозможат унапредување на условите за реализација на програмата на фестивалот „Охридско лето“, како и на другите музичко-уметнички настани и манифестации кои се одвиваат во градот во текот на целата година.

Dolni saraj

Dolni saraj 1

You May Also Like