Прв саем на Современа уметност

Паратисима Скопје ќе се одржи од 13-15 јуни, 2014 во Младинскиот културен центар, Скопје. Дводневниот настан претставува првиот саем на современа уметност во нашата метропола.

seam na sovremena umetnost

Иницијативата потекнува од Торино, Италија каде што оваа година се прославува 10-то издание. Целта на Паратисима е да ја поддржи креативноста во сите нејзини формати, овозможувајки квалификуван простор за учество на уметници, креативци, фотографи, сликари, писатели, режисери, стилисти, емергентни и афирмирани уметници кои сакаат да експериментираат во динамична средина и пред широка публика.

За учество во фестивалот не постои пред-селекција, но на крајот на настанот 10-тина автори ќе имаат можност да ги прикажат своите дела на Паратисима во Торино, во ноември оваа година.

Паратисима Скопје е реализирана со финансиска поддршка од торинската Стопанска комора и институционална поддршка од Младинскиот културен центар, Град Торино и Град Скопје.

Викендов во просторите на МКЦ ќе имате можност за прв пат кај нас да бидете дел од оваа културна платформа. Влезот е бесплатен!

А. Б.

You May Also Like