Прослава за „Денот на Европа“ на Школка во парк

Утре (среда), по повод Денот на Европа 9 – ти мај, ќе се организира прослава во Градскиот парк на „Школка“ со почеток во 19:00 часот. Градот Скопје во соработка со Младинскиот културен центар (МКЦ), организираат повеќечасовна забава на која ќе настапат три бенда и еден Ди Џеј, претставници на модерниот звук.

На забавата ќе настапат панк рок дружината Generiss, негувателите на фанк звукот Funk Shui, кои штотуку го издадоа првиот албум наречен „Етер“, како и триото Ego Disco. За крај на вечерта сввој настап ќе има DJ Kindjo (Beatnex).

На 9-ти мај, во Градскиот парк, на нашата „Школка“, младите алтернативни, авангардни сили од градот Скопје ќе го прослават „Денот на Европа“. Силно стремејќи се кон приклучување на големото семејство и следејќи ги и почитувајќи европските вредности на мир, еднаквост, демократија и правда, на голем хепенинг со почеток во 19:00 ќе настапат три бенда и еден ДиЏеј, претставници на модерниот звук:
– панк рок дружината Generiss;
– негувателите на фанк звукот, Funk Shui, кои штотуку го издадоа првиот албум наречен „Етер“;
– и триото Ego Disco.

За крај на вечерта свој настап ќе има DJ Kindjo (Beatnex).

________________________________________________________

FUNK SHUI – формирани се во февруари 2010 година. Покрај честите смени на пробувалните локации низ овие две години, заедно со искуствата стекнати од свирки по различни локали низ Скопје овој бенд успева во октомври 2010 година, да го сними демото “Got Funk?!” кое содржи четири песни, а подоцна во летото 2011 почнува со првиот посериозен проект, албумот кој беше промовиран во април 2012 г. благодарение на Михаил Намичев (22 Records) и издавачката куќа InterMedia.

GENERISS се формирани во октомври 2008 година од страна на Станислав Јаниќ (гитара), Неврус Бајрам (гитара) и Михаил Симјановски (тапани). Уште на почетокот во составот се приклучуваат Михаил Андев(вокал) и Димитрија Арангеловски (бас). Откако бендот целосно се состави, Generiss почна напорно да работи на својот звук.Подоцна Дими го напушта Generiss и неговата позиција ја превзема Неврус.Овој период бендот е малку поактивен со тоа што го снимија своето прво EP.По некое време бендот повторно трпи измени..Станчо го напушта Generiss, позицијата гитара ја превзема Неврус и како нов член во бендот на позицијата бас ја превзема Дарко Фотиновски со што внесува нови сили во Generiss.Бендот сеуште работи на своите авторски звуци и се подготвува за својот прв албум.

EGO DISCO – се бенд кој постои од пролетта 2010 година. Под влијание на различни артисти и како резултат на музичко созревање бендот оформува стил кој е најсличен на Alternative Rock / Psychedelia / Grunge. По неколку свирки во локалниот клуб Кастро, во Април/Мај успешно е реализирано и првото демо кое содржи 4 песни(снимано во 22 Records). Деби албумот на Его Диско е во процес на издавање кое се планира во Мај-Јуни оваа година за 22 Рекордс.

You May Also Like