Одборот за доделување на државната награда„Мајка Тереза”, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување на Законот за државните награди одлучи државната награда „Мајка Тереза” во 2011 година да ја додели на Сами Нуредини и на„Здружението за цистична фиброза“.
За особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. За остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност државната награда се доделува на:
– Сами Нуредини (момчето кое ја спаси девојката која се давеше во реката Вардар, во центарот на Скопје)
– Здружението за цистична фиброза.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 26 август 2011 година (петок) во 12:00 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.