Здружението на магионичари – НМАМ Скопје е првото регистрирано здружение во Република Македонија со цел афирмација на магионичарството и илузионизмот, па во рамки на имплементацијата на овие цели, викендов (сабота, 27 август 2011 година) НМАМ организира прв од ваков карактер настан „Прв интернационален конгрес на магија и илузија“ во Скопје, кој ќе се одржи во хотел „Арка“ со почеток од 20:00 часот.
Интерпретациите ќе бидат изведени од членовите на Здружението на магионичари – НМАМ Скопје, како и од реномирани магионичари – интернационални гости од целиот регион, чии несекојдневни вештини ги ставија во функција на промоција и афирмација на магионичарството и илузионизмот, и тоа за првпат во историјата на Република Македонија.