Изложба од Кичевската ликовна колонија во Скопје

Досега во рамките на Кичевската ликовна колонија се создадени над илјада уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 800 дела од светски познати мајстори.

internacionalna _kicevska_kolonija

В среда (22 октомври 2014) во 20:00 часот во КИЦ во Скопје ќе биде отворена изложба на дела од 21 Интернационална Кичевска ликовна колонија.

На годинашната  колонија која траеше од 5-19 јули во манастирот Кнежино кај Кичево учествуваа 25 ликовни уметници, академици и професори од Македонија и од 17 земји во светот.

Целта на Колонијата е да го поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби.  Таа непрекинато се одржува 21 година и се смета за  една од најдобрите ликовни колонии на Балканот.

Досега во рамките на Кичевската ликовна колонија се создадени над илјада уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 800 дела од светски познати мајстори.

You May Also Like