Рецитал на триото Интерарт во Осло

Вечерва, (вторник, 23 август) триото Интерарт, во состав: Емилија Ристевска Стефановска – флејта, Александар Стефановски – флејта и Татјана Божиновска – пијано ќе одржува рецитал во концертната сала на ” Oslo Musikklærerforening OMLF”во Осло, Норвешка.

На рециталот ќе бидат изведени дела од нивниот репертоар за две флејти и пијано, а како нивни почестен гостин ќе настапи ипознатиот норвешки пијанист Joachim Knoph. Во текот на утрешниот ден членовите на триото Интерарт во салата на “Music teachers association” во улога на предавачи ќе го водат  семинарот по флејта, пијано и камерна музика.

Гостувањето  на триото Интерарт во Норвешка е помогнато од Министерство за култура на Република Македонија.

You May Also Like