Поетскиот караван „Почуствувај ја Македонија“ денеска е во Штип

Четвртиот поетскиот караван „Почуствувај ја Македонија“ ќе се одржи денеска (31 август, недела) во дворот на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во село Лесковица во близина на Штип.

 

pocustvuvaj_ja_makedonija_stip

На настанот „Почуствувај ја Македонија со шестото сетило- срцето“ во Штип со својата поезија ќе настапат:

– Трајче Кацаров
– Илхами Емин
– Борче Панов
– Благој Самоников
– Оливера Доцевска
– Христо Петрески
– Љубинка Донева

Програма на овој настан ќе биде збогатена:

– Мите Грозданов со изведба на монодрама
– Трајче Јованов со изведба на дела од Ацо Шопов
– Музичкото дуо Signature составено од од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара
– Оперската певица Серафина Фантаузо со изведба на акапела ариа
– Виртуозот на македонски народни инструменти Стефчо Стојковски
– Хуманистот Живко Поповски – Цветин со своите прекрасни цветни пораки за мир
– Перо Колев со изложба на свои дела

За прв пат кон караванот се придружува и Вера Стојчевска – Антиќ која ја започнува научната нота на целата манифестација

Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова.

Хуманитарната мисија на караванот продолжува и на овој настан и повторно собраните средства од книгите да се подарат на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).

И овој пат формирана е анонимна жири комисија, која ќе го одреди третиот добитник на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“.

Организатори на поетскиот караван се Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација Почувствувај ја Македонија и здружението на пензионери на Македонија и иселеници.

You May Also Like