Во Кавадарци синоќа се одржи третиот фестивал „Т’к Так фест“ на кој настапија македонски изведувачи и групи. Фестивалот се организира во спомен на тапанарот Трајко Каров и ја продолжува неговата мисија – да промовира само македонска музика и млади бендови.
На годинашниот „Т’к Так фест“ настапија „Нокаут“, новинарскиот рок-состав „Репортерс“, минатогодишните победници – бендот „Ептен“, младите кавадаречки рок-надежи „Џоа бенд“, како и диџеите Фрик и Лако. Со 45-минутно стендап шоу премиерно во Кавадарци настапи и актерот Сашко Коцев.
Покрај ревијален, фестивалот и оваа година ќе има натпреварувачки дел на кој демо бендовите од Македонија ќе се тркаат за гран-при наградата „Трајко Каров“, која е во вредност од 30.000 денари и се доделува на најдобриот тапанар.