Поетскиот караван на ДПМ патува за Муртино

Друштвото на писатели на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ со гордост го најавуваат седмиот настан од поетскиот караван при проектот„Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“.

ilhami_emin_vitez_na_makedonskiot_poetski_zbor

По село Рајчица – Дебар, влашко маало – Охрид, село Присат – Прилеп, село Лесковица – Штип, село Паралово – Новаци и село Дебреше – Гостивар, поетскиот караван на ДПМ патува за село Муртино – Струмица!

Дата:                     12 Октомври

Место:                 манастир „Св. Ѓорѓи“  – с. Муртино

Време:                 12 ч.

На овој настан, со својата поезија ќе учествуваат:

–       Тодор Чаловски

–       Димитар Пандев

–       Васил Дрвошанов

–       Вања Изова Велева

–       Киро Донев

–       Милован Стефановски

–       Наташа Василевска Трајчевска

Програма на овој настан ќе биде збогатена со:

–       Маестро Мите Грозданов со изведба на монодрамата „Одбраната на Св. Кирил пред папската столица во Рим“

–       Проф. др. Вера Стојчевска Антиќ со научниот труд  „ Наследниците на цар Самоил“

–       Осврт на ликовниот циклус  Св. Ѓорѓија на Великанот Глигор Чемерски

–       Оперската певица Серафина Фантаузо со изведба на „Ave Maria“

–       Хуманистот Живко Поповски – Цветин со своите прекрасни цветни пораки за мир

–       Уметничка изложба на Роза Мојсовска

–       Рецитал на Великанот Видое Подгорец изведен од  младата Катерина Караманова

–       Музичкото дуо Signature составено од од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара

Во неофицијалниот дел на програмата со својата поезија ќе не почестат и поетите:

–       Иван Котев

–       Роза Мојсовска

–       Павлина Пејковска

Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова.

Официјален фотограф е Силвија Стојановска.

Хуманитарната мисија на караванот продолжува и на овој настан и повторно собраните средства од книгите да се подарат на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).

И на овој настан ќе биде одбран седмиот добитник на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“.

You May Also Like