Ви го претставуваме деветтиот број на „Македонска ризница“. Длабоко сме уверени дека и овој пат ќе успееме да Ве заинтересираме во нашата цел сами да ја отворите бескрајно богата ризница на историјата на Македонија, нејзината култура и единствен дух. Само човек кој ја познава својата историја и традиција е способен да учествува во создавањето на иднината на својата татковина.
Голема благодарност до нашите бројни соработници кои несебично дадоа придонес во создавањето и развивањето на „Македонска ризница“. За нас тоа претставува дополнителен поттик и потврда да продолжиме со нови и секогаш интересни содржини. Во овој број на „Македонска ризница“ ја издвојуваме соработката со ценетата Д-р Јасминка Ристовска Пиличкова, како и разговорот со режисерот на документарецот „A Great Macedonian” на Ренато Џулијано. „Македонска ризница“ постојано ги следи активности на нашите македонисти и големи афирматори на Македонија во светот. Овој пат ви го претставуваме Јахја Алави Фард, вели во воведниот збор главниот уредник на проектот, Сашо Гачев.