На 90-годишна возраст, на 5-ти овој месец, почина сопранот Васка Биџова-Гајдова, уметник од првата генерација на основоположниците на Македонската опера и балет.
Како сеќавање за Васка Биџова-Гајдова, утре во Прес салонот на МОБ ќе биде одржана комеморативна седница. Васка Биџова-Гајдова трајно ќе остане во сеќавање по нејзиниот прекрасен колоратурен сопран, или како што ја нарeкуваа „Славејчето на операта“.
Ќе биде запаметена по улогите на Адина во „Љубовен напиток“, Евридика „Орфеј и Евридика“, Кралицата на ноќта „Волшебната флејта“, Лучија во „Лучија од Ламермур“, Џилда во „Риголето“, Фјордилиџи „Така правата сите“, Розина „севилскиот бербер“ и многу други.
