Поетската ноќ во Велестово од 15 до 18 август

Дваесет и шестото издание на Поетската ноќ во Велестово ќе се одржи од 15 до 18 август. Ќе учествуваат десетина поети, критичари и уметници од Македонија, Република Ирска, Словенија и Црна Гора.

poetska_nok_velestovo_logoТрадиционалната Поетска ноќ во Велестово годинава ќе биде посветена на поезијата на академик Катица Ќулавкова, за нејзиното творештво ќе зборува проф. д-р Владимир Мартиновски, а ќе биде отворена изложба на членови од Центарот за културен Проток АРТерија од Охрид.

Во рамки на манифестацијата на 16 август во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи меѓународно поетско читање со Патрик Котер од Ирска, Тања Бакиќ од Црна Гора, Зоран Јакимоски од Македонија и Барбара Погачник од Словенија.

Исто така, во рамки на манифестацијата за 18 август во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид е предвидена промоција на три поетски книги во издание на ПНВ публикации од Скопје.

You May Also Like